Англискиот премиерлигаш Свонси покажа дека на Островот се нема милост кон менаџерите кои не носат посакувани резултати.
Официјално, отказ доби американскиот стратег Боб Бредли, кој беше на кормилото само 85 дена. „Лебедите“ на „боксинг деј“ загубија со убедливи 1-4 од Вест Хем, што е вкупно седми пораз на последните 11 меча. Поранешниот стратег на САД не успеа да му помогне на клубот да дојде до подобри резултати, а управата реши да му се заблагодари за прикажаното.
Свонси се наоѓа на 19. место во Премиер лигата со 12 бода. Во наредното коло тимот од Велс е домаќин против Бурнемаут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период