Скопјаните, А.Б. (46), А.Н. (41) Н.О. (40) и Д.И. (47), од кои еден е возач во министерството за здраство добиле кривична пријава поради сомнеж дека на 14 мај извршиле „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти МВР.
Тие минатата недела, 30 минути по полноќ, на бензинската пумпа на „Макпетрол“ во во скопски Чаир, каде тројца припадници на „Алфите“ била на терен. Во моментот кога четворицата пристигнале со службено возило на Министерството за здравство, кое го возел Н.О., вработен како возач во министерството, тројцата полициски службеници биле паркирани со службено возило пред бензинската пумпа, при што еден стоел надвор, а другите двајца полициски службеници биле внатре во бензинската. Откако возачот во Здравство наполнил гориво, заедно со Д.И. влегле внатре во бензинската, а браќата А.Б. и А.Н. останале во возилото. Кога браќата го забележале припадникот на „„алфите“ како стои надвор, излегле од возилото и тргнале кон него, упатувајќи му навреди и закани, а потоа и физички го нападнале. Другите двајца „алфи“, кои биле внатре во бензинската, повикале засилување и истрчале да му помогнат на колегата, но биле зпречени од Д.И. и Н.О., кои им го попречувале патот, ги туркале и влечеле за облеката. За кусо време на полицајците им стасало засилување, кое извршило претрес во возилото на Здравство и нашле револвер „НХМ“ со два куршуми во него, кој го поседувал и бњез дозвола го носел возачот од министерството.
Нападнатиот полицаец добил потрес на мозокот и бил однесен во Градската болница „8-ми Септември“.
Според полицијата, А.Б. А.Н. се познати сторители на деликти проследени со насилство, имотни деликти и измами за што им се поднесени 135 кривични пријави, а надлежен суд им изрекол вкупно 23 казни затвор од кои четири се за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



