Единствениот натпревар од Англиската Премиер лига денеска се одигра на „Енфилд“ каде Ливерул го дочека незгодниот Стоук. Мечот не започна најдобро за домакините, но сепак тимот на Јирген Клоп уште еднаш покажа карактер и без проблеми се врати на меч на кој имаше почетна негатива.
Стоук дојде до водство со голот на Волтерс и приреди шок на „Енфилд“, но нетрпеливоста на трибините траеше само до завршницата од првото полувреме кога Ливерпул успеа да направи пресврт.
Адам Лалана израмни на 1-1 по една катастрофална реакција на гостинската одбрана, а домаќините на полувреме заминаа со предност од 2-1 благодарение на Фирмињо кој со доста среќа ја смести топката во мрежата.
Со автоголт на Имбула во 60-та минута беше решено прашањето околу победникот, а 10 минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Стариџ кој ги постави конечните 4-1. Со овие три бода, Ливерпул се врати на второто место на табелата, и тоа во многу важен момент ако се знае дека оваа сабота игра големо дерби со третопласираниот на табелата, Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.