Познатата актерката Кери Фишер (60) почина денес, потврди нејзиното семејство.. Таа беше најпозната по својата улога како принцезата Леја во филмскиот серијал „Војна на ѕвездите“. Минатата недела имаше срцев удар за време на авионски лет и оттогаш беше на интензивна нега. Портпаролот на семејството објави соопштение во кое се наведува дека актерката починала утринава во 8:55 часот.
– Беше сакана од светот и на сите ќе им недостига. Целото семејство ви се заблагодарува за вашите мисли и молитви, стои во соопштението.
Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.