| четврток, 6 декември 2018 |

Кери Фишер доживеа силен инфаркт во авион

Американската актерка Кери Фишер доживеа силен срцев удар дененеска за време на нејзиниот лет, објави „Ти-ем-зи“.

Фишер, најпозната како принцезата Леа од „Ѕвездени војни“, била на турнеја за новата книга „Принцезата-дневничар“.

Изворите на веб-сајтот велат дека Кери летала од Лондон кон Лос Анџелес кога добила инфаркт. Луѓе во авионот ѝ дале прва помош и вештачко дишење.

Инцидентот се случил 15 минути пред авионот да слета во Лос Анџелес. Една од стјуардесите прашала дали има медицински персонал во авионот и болничар што седел во задниот дел на авионот дошол во одделот за прва класа и применил мерки за спасување.

Авионот слетал попладнето и болничарите ја упатиле кон блиската болница, каде што се наоѓа во критична состојба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top