| четврток, 6 декември 2018 |

Деби Рејнолдс и Кери Фишер утре ќе бидат погребани заедно во Лос Анџелес

Холивудската актерка Деби Рејнолдс и нејзината ќерка и колешка Кери Фишер, која се прослави со улогата на принцеза Леа во серијалот „Војна на ѕвездите“, ќе бидат погребани утре една крај друга во Лос Анџелес.

Телевизија Еј-Би-Си јави дека двете ѕвезди, кои починаа минатата недела, ќе бидат погребани на приватан церемонија во кругот на семејството и пријателите.

Тод Фишер, синот на Деби, која станаа глобална ѕвезда благодарение на мјузиклот „Пееме на дождот“ од 1952 година, во изјава за Ен-Би-Си рече дека двете актерки ќе бидат погребани на гробиштата „Форест Лоун“ во Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top