Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен акт против лицето Д.Д. за сторено кривично дело – Убиство од чл. 123 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 26 јуни годинава со умисла го лишил од живот сега починатиот Б.И.
– Настанот се случил кога по посета на ноќен клуб, обвинетиот и жртвата се упатиле кон кумановската населба Вера Которка, во кругот на Црквата “Св. Мина”. Додека меѓусебе разговарале, обвинетиот му пришол од зад грб на сега починатиот кој седел на клупа во близина на бунар, извадил огнено оружје – пиштол марка “Црвена застава” и од непосредна близина испукал еден куршум во левиот тилен дел на главата на сега покојниот. Нанесената прострелна рана предизвикала фатални повреди поради што настапила смртта. Обвинетиот потоа го фрлил телото на починатиот во блискиот бунар и го напуштил местото на настанот, информираат од овинителството.
По спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово ги прибра сите материјални и вербални докази во предметот и до Основниот суд – Куманово го достави обвинението. При тоа, поднесен е и Предлог за продолжување на мерката – притвор за обвинетиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка