Стандардниот првотимец во дресот на рускиот прволигаш Спартак од Москва, Квинси Промес, е најновата желба на актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп. Трофејниот германски стручњак е убеден дека се потребни околу 15 мил. фунти за да се осигураат услугите на крилниот напаѓач кој најави промена на клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Според Клоп, Промес може да игра на неколку позиции, многу е брз и има одлична техника, налик Саидо Мане, но може да биде сериозна опција кога е во прашање напаѓачката позиција која ќе биде ослабена по заминувањето на Даниел Стариџ кое се чини се по веројатно. Германецот на клупата на Ливерпул не е задоволен од неговиот однос и залагањето на тренензите, а Стариџ уште одамна го загуби првотмскиот статус во тимот од Енфилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.