ЈЗУ Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и ургентен центар Скопје испрати соопштение до јавноста во однос на натамошното лекување на пациентот Давид Стојановски од Кратово.
– Детето се наоѓа во најнапреден стадиум на малигно коскено заболување и со метастази на бели дробови поради што лекарскиот колегиум на клиниката предложи натколена ампутација со соодветна скелетна протеза како најрационално решение за понатамошниот живот на детето. Во врска со предлогот за лекување во Австрија, нагласуваме дека и во овој случај, исто така, се работи за натколена ампутација на ногата, како што е и предложената операција, а ваквата операција не ја прифаќаат некои пациенти поради бизарниот изглед на ногата и поради тоа сметаме дека нема оправданост за лекување во странство. Изминатиот период родителите повеќе пати се повикувани во Клиниката, со нив е разговарано и се запознаени со состојбата на детето и очекувањата за идниот тек на лекувањето. Во оваа прилика уште еднаш ги повикуваме родителите да не губат повеќе време, бидејќи секое пролонгирање има можност да влијае негативно на крајниот резултат од лекувањето, како и веднаш да донесат одлука за продолжување на лекувањето – стои во соопштението од ЈЗУ Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.