Денеска малиот ангел Давид Стојановски ја загуби најважната битка. Замина меѓу ангелите, прерано и маченички, објави кратовскиот портал „Аберџија“.
Давид е 13 – годишно дете од Кратово кое имаше рак на колено. Со бројни донации од сите страни на светот, се собраа средства за итна операција на ногата и спасување на животот на детето што сакаше да биде фудбалер. Лекарите од болница во Виена ја ампутираа ногата на Давид и му вградија протеза за да може да се движи.
Карциномот се прошири и на белите дробови и малиот јунак не можеше да го победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.