Филипинската национална полиција денеска соопшти дека приближно 1.049.000 луѓе биле уапсени или пак, убиени во војната на претседателот Родриго Дутерте против трговијата со наркотици, пренесе ДПА.
Началникот на Полицијата Роналд де ла Роса на прес-конференција рече дека според последните податоци, 983.232 осомничени наркодилери и консументи на дрога досега самите се пријавиле, а од јули до денес во соодветни установи се задржани 42.543 лица.
Вкупно 2.157 луѓе биле убиени при полициски акции, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.