Според пишувањата на бразилските медиуми, Фелипе Маса ја прифати понудата на Вилијамс и ја стави во мирување својата одлука за заминување во пензија. Бразилецот во редовите на Вилијамс би требало да го замени Валери Ботас, кој заминува во Мерцедес на местото на Нико Розберг.
Тимот на Мерцедес веднаш по повлекувањето на Розберг започна да бара замена, а изборот падна на 27-годишниот Ботас. Но, од тимот на Вилијамс не беа подготвени да го пуштат својот возач, додека не пронајдат соодветна замена.
– Ќе го пуштиме Ботас, во оној момент кога ќе најдеме некој искусен, како што е Маса – изјави Клара Вилијамс, една од водечките луѓе во тимот.
Фелипе Маса својот најголем успех го постигна со тимот на Ферари, кога во 2008 година заврши на второто место во генерален пласман, зад шампионот Луис Хамилтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.