| четврток, 6 декември 2018 |

Кливленд немоќен без Леброн, Денвер ги надигра Клиперс (видео)

denver

Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари во кои Кливленд загуби на гостувањето против Детроит, додека Денвер славеше на гостински терен против ЛА Клиперс со 106-102.

Во домашниот состав недостасуваше Грифин, па Денвер го искористи тоа и на крилјата на Србинот Јокиќ стигна до важна победа. Јокиќ имаше „дабл-дабл“ ефект од 24 поени и 10 скока. Галинари и Бартон во победничкиот тим имаа по 23 поени. Кај Клиперси се истакна Џамал Крофорд со 12 поени и 11 скока.

Минесота славеше против Атланта со 104-94, предводена од Карл-Ентони Таунс со 22 поени, 11 скока и четири асистенции, додека Зек Лавин дополни со 21 поен. Најдобар кај гостите беше Двајт Хауард со 20 поени и 12 скока.

Кливленд, пак, без Леброн Џејмс во своите редови загуби од Детроит со 106-90, а Чикаго славеше против Индијана со 95-80.

НБА резултати:

Орландо – Мемфис 112-102, Вашингтон – Милвоки 107-102, Бруклин – Шарлот 120-118, Детроит – Кливленд 106-90, Чикаго – Индијана 90-85, Хјустон – Феникс 131-115, Минесота – Атланта 104-90, Њу Орлеанс – Далас 111-104, Портланд – Торонто 91-95, ЛА Клиперс – Денвер 102-106, Сакраменто – Филаделофија 102-100

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top