Светската скијачка шампионка од 2014 и од 2015 година, Ана Фенингер, повторно се враќа на скијачките патеки по пауза од цели 14 месеци. Таа ја надмина тешката повреда и ќе учествува на утрешната трка во велеслалом што ќе се одржи во Земеринг.
27-годишната скијачка имаше страшна повреда во октомври 2015 година, кога ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.
„Ова е многу емотивен момент за мене. Имам потреба од огромна поддршка и се надевам дека сите ќе бидат со мене. Сѐ уште сум далеку од најдобрата форма, но најважно е што повторно ќе бидам дел од натпреварувањето во Светскиот куп“, изјави Ана Фенингер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.