| четврток, 6 декември 2018 |

МОК обезбеди финаниска помош за ракометната репрезентација на Македонија

Makedonija ceska rakomet (1) (Large)

Македонската ракометна репрезентација во јануари ќе се натпреварува на Светското првеснтво што ќе се одржи во јануари. Лино Червар и неговите избраници обезбедија пласман на уште едно големо натпреварување во баражот кој го одиграа со националната селекција на Чешка. Македонскиот олимписки комитет ја покажа својата поддршка за постигнатиот успех и на националниот состав ќе му обезбеди финансиска помош во износ од 40.000 американски долари за подготовките во пресрет на Мундијалот.

„Како и секогаш, силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро“, стои во соопштението на МОК.

Во рамки на групата Б, македонската селекција ќе ги одмери силите против Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top