| четврток, 6 декември 2018 |

Мхитаријан: Манчестер јунајтед никогаш не се откажува од борбата за титулата

mhitarijan

Навивачите на Манчестер јунајтед очекуваа дека нивниот тим ќе прикаже квалитетни партии во Премиер лигата после звучните засилувања во изминатиот период, но барем засега, тимот од „Олд трафорд“ игра под своите очекувања. Играчот на „ црвените ѓаволи“, Хенрик Мхитаријан верува дека неговиот тим може да ја освои титулата во Англија…

– Сакаме како прваци да ја завршиме сезоната во Премиер лгата. Ние веруваме дека може таа желба да ни се оствари и ќе се бориме до последниот меч. Далеку сме од лидерот, но во фудбалот се е можно. Уште многу натпревари не очекуваат и нема лесно да се откажеме – истакна Мхитаријан.

„Бебињата“ после 17 одиграни натпревари се наоѓаат на шестата позиција на табелата со 30 бода, 13 помалку од лидерот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top