| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Прозни мајстори“ ја доби писателот Зоран Пејковски

Наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува издавачката куќа „Феникс“  ја доби битолскиот писател Зоран Пејковски за романот „Градот на Јужното Море“ во издание на „Дијалог“ од Скопје.

Зоран Пејковски е драмски писател, драматург, поет, преведувач и публицист. Автор е на повеќе книжевни и драмски дела: Атомско време, Тесно небо, Последниот чин на комедијата на смртта, Реликвија на светлината, Филозофија на смртта, Љубов на вересија, Театарот е ритам и стил, За животот, љубовта и смртта, Театарот е фабрика за соништа, Сон, Сега знам, Самуилово распетие…

Зоран Пејковски од 1995 година е член на Друштвото на писателите на Македонија. Главен и одговорен уредник е на регионалниот информативен неделник „Јавност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top