Кливленд кавалирс покажа зошто е актуелен шампион во НБА лигата откако во репризата од ланското финале триумфираше над Голден стејт со 109-108. „Воините“ како и во таа финална серија повторно ја имаа улогата на благи фаворити, стигнаа и до солидна предност, но се беше попусто кога на крајот Кливленд беше тимот што се радуваше на победата.
Во таборот на Голден стејт имаат за што да жалат бидејќи со одличниот старт на четвртата четвртина стигнаа до предност од 14 поени. Сепак, следеше налет на домашниот состав кој успеа да го сврти резултатот во своја полза и со забивањето на Леброн Џејмс да поведе со 105-103. Голден стејт со мини-серија од 0-5 по тројката на Кари дојде до 105-108, но избраниците на Стив Кер не успеаја да го запрат Кајри Ирвинг, кој ги реализираше следните два напади за шампионот и му ја донесе победата на својот тим. Гостите го имаа последниот напад, но Дурант не се снајде најдобро обидувајќи се да изнуди контакт од Џеферсон, па скапото засилување на „воините“ остана да лежи на теренот додека домаќините почнаа со својата прослава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)