| четврток, 6 декември 2018 |

Моментот кога 1 650 среќници донзаа дека добиле по 400 000 евра (Видео)

Во рамки на шпанската божиќна лотарија позната како „El Gordo“ (Дебела) 1 650 луѓе освоиле награда од по 400 000 евра. Добитниците на глвната награда го имале добитниот тикет со бројот 66513, а сите уплати биле извршени во Мадрид, пренесе АП.

Агенцијата објаснува дека поединечните уплати на ливчињата изнесувале по 20 евра и дека во Шпанија луѓето за божиќните преазници традиционално се здружувале со свои пријатели, родниин или колеги за да си ја пробаат среќата на божиќната лотарија.

Организаторите објавиле дека оваа година вкупната вредност на уплетите достигнала 2,6 милијарди евра, а освен најсреќните кои ќе добијат по 400 000 евра, има и огромен број помали награди со пониски износи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top