| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ победи, уверенијата за пратеници на 28 декември (ВИДЕО)

Државната изборна комисија вечерва и на прес-конференција ги потврди резултатите од прегласувањето во изборното место 2011 во Теарце, според кои распоредот на мандатите останува непроменет. ВМРО-ДПМНЕ добива 51 пратенички мандат, со што се потврди победата од 11 декември

Државната изборна комисија со доцнење од речиси 4 часа конечно излезе за да ги соопшти првичните официјални резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце.

Причината за доцнењето, според Чичаковски, биле тешкотиите со кои се сретнала општинската изборна комисија при составувањето на записникот за резултатите од територијата на целата општина Теарце вклучувајќи ги и денешните гласови.

Александар Чичаковски посочи дека ако нема приговори за денешното гласање, ДИК на сите кандидати кои добија пратенички мандат уверенијата за пратеници ќе им ги достави на 28 декември во среда до 20 часот.

Тоа се однесува на конечните резултати од првите пет изборни единици, како и за сите потврдени мандати од изборната единица 6, што значи доколку нема приговори и последните два мандати врз кои можеше да има влијание исто така ќе бидат потврдени со уверение штом резултатите бидат официјални и конечни.

ie6-mandati

Според симулацијата на ДИК поделбата на мандати во ИЕ 6 е следна:

  • ВМРО-ДПМНЕ и др. – 51
  •  СДСМ и др. – 49
  •  ДУИ – 10
  •  БЕСА – 5
  •  Алијанса за Албанците – 3
  •  ДПА – 2

Вкупно на целата територија на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат 51 пратеник и се победник на овие избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top