| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши гласањето во Теарце

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце заврши. До 21.30 е предвидено Државната изборна комисија и официјално да ги соопшти резултатите од денешното гласање.

Гласањето во текот на целиот ден помина мирно и без поголеми проблеми. Утрово имаше само дваесетминутен прекин на гласањето заради потрошените батерии на УВ-ламбите. Техничкиот проблем бил брзо решен.

На ова избирачко место се регистрирани 714 гласачи. Излезноста беше речиси идентична како и на гласањето на 11 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top