| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска на Водно симболично ќе се сече бадниково гранче

Во пресрет на православниот Бадник, денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2017. Организатор 25-ти пат е Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче, најпрво од страна на кумот и здравичарот – Радко Манов и Љубиша Николиќ, минатогодишните кум и здравичар – Илија Малинковски и Драган Мијалковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и претставници од естрадата.

Централното одбележување на Бадник е на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top