Сонот на секоја жена е совршеното тело, без многу одрекнувања од омилените слатки и солени посластици.
Нормално, ова е прилично невозможна мисија, освен кај ретките среќници на кои метаболизмот им работи со брзина на светлината.
Единствено трајно решение е да јадете здрава храна и редовно да вежбате, но постои и еден „помошник“ кој може да ви го олесни процесот на слабеење.
Станува збор за рецепт од целосно природни, моќни состојки, кој ќе ви помогне она што сте го изеле во текот на денот да не се залепи на вас во вид на масни наслаги.
Состојки: 2 лажици сецкан магдонос, поголема шолја вода, малку цимет, малку јаболков оцет, лажичка мед, лажичка ѓумбир, сок од 1 лимон.
Подготовка: Ставете ја водата за зоврие, додадете го магдоносот и оставете да се олади. Процедете, па додадете ги и останатите состојки.
Пијте го овој напиток секоја вечер еден час пред спиење, во текот на две недели. Ако сакате да продолжите, направете пауза од 3 дена, па повторете ја постапката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.