Брзата интервенција на екипата на дебарската Брза помош попладнево во близина на манастирот „Свети Ѓоргија победоносец“ кај дебарското село Рајчица спаси човечки живот.
Само неколку минути им биле потребни на членовите на екипата на итна медицинска помош при болницата во Дебар да пристигнат на местото на сообраќајната несреќа по која возило со дебарски регистраски таблички ДБ 0122 АБ удрило во електирна бандера на патот Маврово – Дебар.
По брзата интервенција едно лице е пренесено на понатамошно лекување во болницата во Дебар. Среќа во несреќа за повредениот е што удрил во банкина и електричниот столб кои спречиле возилото да падне во провалија длабока десетина метри под патот Маврово – Дебар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)