Подготовките на македонската ракометна репрезентација за СП во Франција не се одвиваат во најдобар ред. Поради вирусна инфекција дел од ракометарите ја напуштиле базата во Маврово.
Марко Нелоски и Стефан Дрогришки засега се двајцата играчи кои се вратиле во Скопје. Искусниот стратег Лино Червар веднаш превземал мерки и веднаш побарал дополнителен медицински тим.
И кај младинците ситуацијата е лоша, од вкупно 15 ракометарите дури шест се болни и не тренираат.
Инаку најавените репрезентативци пристигнаа во Маврово, тимот ќе биде комплетен на 27 декември, кога треба да се приклучат Филип Миркуловски и Дејан Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.