Првиот македонски идол, Иван Раденов, е во Белград со својата група „Аквариус“ и веќе неколку месеци со своите свирки жари и пали низ српските ноќни клубови.
Наскоро подготвува уште една песна, снима спот за „Сам против времена“, а на 1 јуни ќе биде гостин на концертот на Дадо Топиќ со кого на Калемегдан ќе ја изведат легендарната „Македонија“.
Билјана Ѓошева не се откажува од музиката и може редовно да се види низ скопските клубови каде што настапува со својата латинскоамериканска група „Тумбао салса бенд“ со којa подготвуваат албум со преработки на стари македонски песни.
Нејзината прва песна е авторско дело на Никола Первски – Пере од „Нокаут“ и Владимир Поп Христов – Мио.
Јана и Виктор се сѐ уште заедно.
Јана Бурческа е студентка на Правниот факултет и целосно им е посветена на студиите, додека музиката засега ѝ е во втор план. Таа покрај со Виктор, најмногу се дружи со Биле, Кате и со Емилија Ѓорѓевска, која, пак, исто така, е студентка во Скопје.
Виктор Апостоловски, пак, откако ја прекина соработката со Валентино Скендеровски, работи сам на своите песни и на својот прв албум.
Последното од него е песната „Не се предавам“ која е негово комплетно авторско дело.
И Мики Секуловски работи на својот албум, а иако е во Велес, постојано доаѓа во Скопје и никогаш не пропушта да се види со друштвото од „Идолот“.
Христијан Тодороски – Кико подготвува нова песна во студиото на Нино Васков, а наскоро и, конечно, ќе го издаде својот прв албум. Тој и Биле се соседи.
Елизабета Јовановска – Бети ослабна 17 килограми и е целосно посветена на вежбањето, отвори свој клуб во Гостивар и работи како инструкторка.
Катерина Симоновска, сега Чедомирски, е снаа во Дебар маало, студира на Факултетот за музичка уметност и ужива во времето поминато со својот син Симон.
Најоддалечени од цело ова друштво на „Идол“ се Јулијана Јованова и Ивица Велоски, кој моментно е во Струга, а и Дејан Јованов, кој, пак, иако не е толку често во контакт со другите финалисти, е за пофалба бидејќи не пропуштил ниеден празник, роденден или каква било веселба, а да не прати поздрав и порака.
Нико Ѓорѓиевски отвори свое студио и е комплетен автор на својата прва песна „Свој“. Одвреме-навреме настапува со џез-стандарди по елитни ресторани низ Македонија, а најдобрата и најнова вест е тоа што, веројатно, тој ќе биде следниот претставник на познатиот фестивал „Славјански базар“ во Белорусија.
Сите со носталгија гледаат на „Македонскиот идол“, но велат барем останале побогати за уште едно семејство.
Пишува: Марина Костовска
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)