Триесет и четиригодишната војвотка од Кембриџ донеодамна важеше за штедливка кога се рабпти за облекувањето. Сопругата мна принцот Вилијам често носеше стара облека, особено лани, но сепак, работите се променија во 2016.
Кејт почна да носи гардероба од познати дизајнери, на пример од модната куќа „Долче и Габана“, во чиишето парчиња беше често фотографирана, а медиумите пренесуваат дека годинава носела четири пати поскапа облека одошто лани.
Имено, убавата Кејт за гардероба во 2015 година потрошила 43.260 фунти, а у 2016 години дури 174.170 фунти.
Вредноста на нејзината облека само за официјалната посета на Индија и Бутан износувала неверојатни 35.000 фунти.
Сепак, овие комбинации не се ни приближно спаки како оние кои ги носеше на посетата на Канада, вклучувајќи и фустан од дизајнерката Џени Пекам, парчиња од „Прин“ и повторно „Долче и Габана“, за кои принцезата потрошила 62.000 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.