| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот од Берлин со видео порака „Убијте ги крстоносците“

Објавена е видео-снимка на која Амри, терористот на ИСИС кој што со камион влета во божиќниот базар во Берлин, го најавува својот план.
-Мојхата порака до сите крстоносци кои ги бомбардираат муслиманите ширум светот е следна: Нивната крв нема да мине без освета. Ние сме нација која што стои зад нив и ќе ги осветиме. Ги повикувам своите муслимански браќа ширум светот, вие во Европа, убијте ги крстоносните свињи – порачува Амри и потоа се заколнува на верност на лидерот на ИСИС Абу Бакр ал-Багдади.

Терористот од Берлин, денеска околу 3,30 часот наутро е убиен во Милано, Италија, каде повторно се обидел да изврши напад откако бил запрен од полицијата.
screenshot

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top