Поранешниот ограбувач, кој пред 8 години по грешка бил ослободен од затвор, пред две години примил кошмарен телефонски повик.
– Добар ден, би ве замолиле да се вратите назад во затвор и да ги отслужите преостанатите 90 години – му се јавиле од суд тогаш на 38-годишниот Рене Лима-Марин. Поранешниот ограбувач го послушал нивното барање и се вратил зад решетки.
Овој случај ја интригира американската јавност веќе некое време, а американските медиуми оваа одлука ја прогласиле за „грозна“, а кога ќе видите што се случувало последните 16 години, јасно е и зошто. Лима-Марин во 2000 година поради вооружен грабеж и киднапирање добил дури 98 години затвор.
Цели осум години бил примерен затвореник, не правел никакви проблеми и во 2008 година била пуштен на условна слобода. Бил пресреќен, не можел да верува, но не знаел дека сето тоа се случило поради административна грешка.
Во меѓувреме, животот на Лима целосно се променил. Се оженил со својата стара љубов, добил две деца, пронашол одлична работа и купил убава куќа. Проблемите со законот биле минато, а му истекла и условната казна.
Неговиот живот бил идиличен до 2014 година, кога обвинителите ја забележале грешката и му наредиле да се врати во затвор.
Минатата среда очајниот Лима пратил апел до судијата да го ослободи и да му дозволи да се грижи за семејството. Во судницата се гушел во солзи и објаснувал дека минува низ најтешкиот период во животот.
– Треба да се грижам за семејството, да ги изведам синовите на вистински пат… А сега немам ништо, ми земавте сè. Знам, бев глупаво дете кое направи огромна грешка, но не го заслужувам ова – рекол Лима.
Меѓутоа, судијата Карлос А. Самур сè уште не сака да донесе одлука и најавил дека мора подобро да го проучи случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)