| четврток, 6 декември 2018 |

Колку заработуваат српските пејачи за Нова година?

Српските пејачи убаво ќе заработат со своите настапи за новогодишната вечер, објавуваат медиумите во таа земја. Жељко Јоксимовиќ ќе настапи на Плоштадот пред Стариот град во Будва и ќе заработи 50.000 евра, а Здравко Чолиќ, кој ќе пее во Нови Сад, ќе добие 10.000 евра повеќе.

– Го сакам Нови Сад, ја сакам Војводина, и по девет години повторно сум таму за да се дружиме на плоштадот – изјави Чолиќ.

Сека Алексиќ првиот настап поради породувањето ќе го има на најлудата ноќ во Копаоник. Се говори дека за настапот ќе добие 30.000 евра.

Настап за Нова година во еден хотел во Будва ќе има и Емина Јаховиќ, која за тоа ќе добие 20.000 евра.

Фолк-ѕвездата Лепа Брена за Нова година ќе настапи во Чачак и за тоа побарала 15.000 евра. За нејзиниот концерт во Чачак деновиве многу се шпекулира откако група граѓани покренаа петиција парите за настап на пејачката да се пренаменат за болни и сиромашни деца.

И покрај петицијата, градската власт одлучи да организира новогодишен концерт и покрај најавениот бојкот на некои жители на Чачак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top