Младиот полицаец што во три часот по полноќ го уби Тунижанецот Анис Амри е Лука Скати (29), кој инаку стапил на должност само девет месеци пред овој настан.
Тој го уби најопасниот и најбаран терорист, кој со камион влета на божикниот саем во Берлин, при рутинска полициска контрола во миланската населба Сесто Сан Џовани.
Имено, полицајците го запреле возилото и сакале само да го контролираат возачот. Но, тој извадил пиштол и почал да вика „Алаху акбар“ и да пука, притоа ранувајќи го полицаецот Кристијан Мовија (36).
Куршумот кој дошол од страна на младиот Скати го спречил терористот да повреди или убие уште луѓе.
За време на претпладнето се огласи и министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, кој потврди дека во Милано е убиен Тунижанецот што е осомничен за напад во Берлин. Притоа тој се заблагодари на младиот Лука Скати во име на целото министерство и италијанската полиција.
-Амри беше најбаран терорист и многу сум горд со која брзина колега, кој само што стапил на должност, ја решил ситуацијата – рекол Минити.
Според пишувањето на медиумите, кај Амри е пронајден билет за воз, а во Италија дошол од Франција. Запрен бил пред железничката станица во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)