| четврток, 6 декември 2018 |

Дечиња од Куманово направија спектакл во српската верзија од шоу-програмата „Јас имам талент“

Феноменален настап на дечиња од Куманово во српската верзија од шоуто „Јас имам талент“.
Во составот на групата „Funny kids“ се 12 деца на возраст од осум до 12 години од Куманово. Диско од седумдесеттите години на минатиот век со одлична кореографија, го фасцинираше жирито и сите присутни во салата.

-Сите деца кои ги гледав од Македонија се многу талентирани. Тие костуми, очилата, кореографијата, едноставно бевте фантастични – кажа Ана Николиќ.

Даница Максимовиќ се надоврзала со констатација дека децата приредија вистинско освежување во шоуто.

Жика Тодоровиќ забележа дека настапот на овие дечиња го вратил во период од младоста, додека Раста кажа дека беа одлични.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top