Оскар од денеска и дефинитивно не е член на Челси, откако лондонскиот клуб го продаде Бразилецот на Шангај СИПГ за сума од огромни 52 милиони фунти. Овој трансфер беше најавен во текот на минатата седмица, во последните денови беа договорени и последните детали, за утрово да биде комплетирана преселбата на бразилскиот плејмејкер. Кинескиот клуб плати 52 милиони фунти за да го доведе Оскар во своите редови.
– Челси и Шангај СИПГ ги договорија деталите за трансферот на Оскар. Тој е член на нашиот клуб четири и пол сезони, период во кој постигна 38 гола на 203 натпревари во дресот на Челси. Со доаѓањето на Конте тој имаше изменета улога во тимот, но со промената на формацијата во 3-4-3 тој се поретко добиваше шанса, па сега се сели во Шангај, каде ќе работи со поранешниот тренер на нашиот клуб, Андре Вилјаш Боаш. Му благодариме на Оскар за фантастичната соработка во изминатиот период и му посакуваме многу среќа во иднина – се вели во клупското соопштение на Челси.
Англиските медиуми најавуваат дека Антонио Конте овие пари ќе ги искористи за ангажман на Џејмс Родригез, откако Колумбиецот изрази желба да си замине од Реал Мадрид и да се пресели во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.