Актерката Џенифер Лоренс е позната по тоа дека секогаш и се случува некаков гаф, посебно на доделувањето на наградите Оскар.
Иако овој пат испи малку повеќе вино, сепак, остана на нозе.
Лоренс на годинешното доделување на наградите Оскар била прилично расположена. Актерката е снимена како го бара своето место во публиката, притоа држејќи чаша вино во раката. За да дојде до своето место таа прескокнувала седишта, внимавајќи да не го истури виното.
Лоренс беше една од презенттерките на Оскар. Заедно со Џоди Фостер ја најави добитничката на Оскар за најдобра женска главна улога, Френсис Мекдорманд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.