И покрај тоа што од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат на прегласувањето, нивните кандидати ќе се најдат на гласачкото ливче, соопшти Државната изборна комисија.
Оттаму велат дека кандидатските листи се потврдени и дека тие остануваат исти како и за гласањето на 11 декември.
Тоа значи дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и носителот во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев, ќе стојат на ливчето под реден број 1. Поддржувачите на владејачката партија ќе имаат избор да излезат на гласање или да го бојкотираат.
Викендов селото Теарце во Полошкиот регион ќе биде центарот на Македонија. Од прегласувањето во гласачкото место зависи која партија ќе има повеќе мандати, а со тоа и можноста да формира влада.
Ова прегласување може да одлучи дали СДСМ може да добие еден мандат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ или, пак, соодносот на силите ќе остане 51-49 во корист на владејачката партија. Ако СДСМ освои уште еден мандат благодарение на гласовите во Теарце, силите ќе бидат изедначени, односно двете партии ќе имаат по 50 мандати.
Во избирачкото место 2011, каде што ќе се прегласува, запишани се 714 гласачи. За СДСМ да освои пратеник, потребно е да направи разлика од 304 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Во случај разликата да е 303 гласа, бројот на гласови би бил изедначен. Тоа, според сите пресметки, е возможно само со голема помош од гласачите Албанци, бидејќи Теарце е село со мнозинско албанско население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)