| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа од Косово уапсени во Германија поради тероризам

Две лица се уапсени во германскиот град Дуизбург, под сомнение дека подготвувале терористички напад, соопшти изутринава полицијата.

Осомничените, двајца браќа од Косово на возраст од 28 и 31 година, планирале напад врз трговски центар во Оберхаузен.

Властите истражуваат до која фаза на подготовка за нападот стигнале двајцата браќа и дали се вмешани и други лица.

Полицијата соопшти дека во регионот на трговскиот центар и на божикниот базар, кој е во рамки на центарот, се воведени зајакнати бебедносни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top