| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓе бегаат и врескаат – снимен моментот кога камионот се забива во масата народ

Видео снимено од германски возач што го покажува моментот од понеделникот вечерта кога камионот, кој најверојатно го возел Тунижанецот Анис Амри, предизвика масакр на божиќниот панаѓур на берлинскиот „Брајтшајд плац“, објави вечерва германски Билд.
Според информациите, што врз основа на видеото ги објави весникот „Билд“, камионот возел со брзина меѓу 60 и 70 километри на час на улицата „Харденберг“ кога возачот одеднаш свртел во правец на метежот на божиќниот панаѓур. Веднаш потоа се случува несреќата во која со помош на камионот кој бил полн со 25 тони метални конструкции загинаа 12, а беа повредени 48 лица.
Според видеото кое го објавува „Билд“, камионот бил со запалени предни светла иако во досегашната истрага се тврдеше дека се движел неосветлен.
Очевидецот кој ја снимил сцената, за „Билд“ вели дека само една секунда откако каминот се втурнал во метежот забележал како луѓето врескаат во паника.
Видеото не покажува што се случува на панаѓурот, а очевидецот вели дека во првиот момент не видел за што станаува збор и помислил дека од камионот излегле луѓе со автоматско оружје.


Германската полиција се уште е во потера по Тунижанинот Анис Амри, а во акцијата за негово апсење се вклучени сите безбедносни служби на членки на ЕУ и на други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top