| четврток, 6 декември 2018 |

Црно ни се пишува – се буди еден од најопасните вулкани во Европа

%d0%b2%d1%83%d0%bb%d0%ba%d0%b0%d0%bd

Иако звучи како сценарио на холивудкси филм, во прашање е вест која доаѓа од близината на Неапол, каде се наоѓа супервулканот Кампи Флегри.

 Имено вулканот почна да се буди, а неговата ерупција, според научниците, би можела да предизвика катастрофа.
Италијанските и француските  стручњаци од Институтот за геофизика и вулканологија во Болоња наведуваат дека вулканот покажува јасни знаци на будење.
-Ако се загреат околните хидротермални карпи, тие можат да ја изгубат својата механичка отпорност предизвикујавќи движење кон критична точка – рекол Џовани Кјодини за АФП.
Ерупцијата на овој вулкан би можела да загрози 3 милиони луѓе кои живеат во оваа област, а најмногу 500.000 жители кои живеат во непосредна близина. Пепелта која би дошла во атмосферата би можела да ја измени климата на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top