Американецот Лоренс Мекини, кој е пуштен на слобода по 31 година минати во затвор иако не сторил никакво кривично дело, доби отштета од 75 долари, јави „Си-Ен-Ен“.
Во октомври 1977 година една жена во Мемфис била силувана од двајца напаѓачи, од кои едниот го идентификувала како нејзиниот сосед Лоренс Мекини, кој тогаш имал 22 години.
Тој бил обвинет за силување и грабеж и во 1978 година бил осуден на 115 години затвор.
По три децении со анализа на ДНК е утврдено дека Мекини бил невин, поради што е пуштен на слобода во 2009 година, а од затворот во Тенеси добил чек на 75 долари за „повторно да почне свој живот“.
– Јас немав лична карта, така што ми требаа три месеци да ги подигнам тие 75 долари – изјави Мекини за „Си-Ен-Ен“.
Мекини, кој сега има 61 година, бара од државата Тенеси да му исплати еден милион долари отшета, затоа што бил невино осуден.
Комисијата која го разгледуваше неговиот случај едногласно одлучи дека Мекини „не заслужува надомест од еден милион долари“.
– По разгледувањето на случајот, Комисијата не најде убедливи докази дека Мекини е невин, така што се одбива неговото барање за отштета – соопшти Комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија