| четврток, 6 декември 2018 |

Измислените нерегуларности во Теарце се круна на изборната кражба на СДСМ (ВИДЕО)

Постизборниот инженеринг практично претставува шлаканица на СДСМ за граѓаните на Теарце кои за оваа партија учествувале во изборни нерегуларности и покрај тврдењето на сите членови на избирачкиот одбор како и граѓаните на Теарце дека изборниот ден поминал мирно.

Зад овој превез се крие желбата на СДСМ преку политичката поддршка и влијание во Државната изборна комисија на чело со Александар Чичаковски од СДСМ и според сите правни експерти политичката, а не правна одлука на Управниот суд, како и поддршката на надворешен фактор да се влијае на конечниот резултат и да се поништат 455 илјади гласови кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, резултат кој е вториот најсупешен за оваа партија по победата во 2014 година.

За многумина надвор од здравата логика е да се смета дека некој би правел бугарски воз и тоа токму во општината Теарце. Македонија со ова повторно се втурнува во една нечесна игра, а на Теарце од страна на Зоран Заев се гледа како сламка за спас на неговата политичка кариера.

Повторувањето на одличниот резултат од 455 илјади гласови кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува дека во вода паѓаат сите теории дека и претходните победи биле фингирани, како и дека постојат фантомски гласови. Во Теарце беше издвојувана чиста победа и чист изборен резултат за што сведочат и членовите на избирачкиот одбор.

Дополнително уште на самиот изборен ден на 11 декември голем дел од граѓаните во Теарце истакнаа дека гласањето поминало во мирна и фер демократска атмосфера, како и дека не се забележани никакви неправилности и нерегуларности.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат објави дека СДСМ фрла огромни суми на пари во Теарце за купување гласови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top