| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен го победи Лајпциг со два играчи повеќе, Дедо Мраз е „Баварец“ (видео)

baern-minhen

Вчерашниот натпревар на „Алијанц арената“ во Минхен беше целосно во знакот на Баерн, кој го декласираше Лајпциг за да ја потврди есенската тиула во Бундес-лигата.

Сепак, покрај головите на Баварците, дуелот доби и хумористичен карактер, по урнебесниот потег на Тиаго Алкантара. Шпанскиот играч за врска доби топка на средината од теренот и покрај аут-линијата забележи некој со црвена облека како пробива по левата страна. Неговиот пас беше испратен токму кон него, а наместо бекот, тоа беше дигиталниот Дедо Мраз кој „се лизгаше“ на рекламите покрај теренот. Претходно Лајпциг заработи и црвен картон, па така едно време на теренот имаше 12 фудбалери со црвен дрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top