| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Саутгејт помошникот го најде во екипата на Челси

Britain England Spain Soccer

Помошниот тренер на Челси, Стив Холанд од денеска е и дел од стручниот штаб на англиската репрезентација како помошник на селекторот Герет Саутгејт.

– Искуството на Стив во работата со врвните фудбалери и тренери во Челси доволно говори дека знае како треба да изгледа еден светски тим – изјави селекторот Саутгејт.

Холанд ќе го напушти Челси на крајот од сезоната и целосно ќе се посвети само на работата во репрезентацијата. Тпј сепак ќе може да работи паралелно на двете работни места и ќе биде дел од стручниот штаб покрај Саутгејт за националните натпревари против Германија и Литванија во март.

stiv-holand

Стив Холанд и Герет Саутгејт всушност ќе ја продолжат соработката бидејќи двајцата беа дел од стручниот штаб на младата репрезентацијата на Англија до 21 година во периодот од 2013 до 2016 година. Холанд е тренер во Челси од 2011 година, а клубот од тогаш ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Премиер лигата, а моментално е прво на табелата во новото првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top