Бразилскиот клуб Чапекоенсе, кој во трагичната авионска несреќа го загуби речиси целиот тим, синоќа го доби трофејот за победник во Копа Судамерикана.
Пред да се одигра финалниот натпревар, се случи трагичната несреќа по која противникот во финалето Атлетико Насионал ја посегна идејата без борба да биде доделен пехарот на Чапекоенсе.
Претседателот на клубот Девид Фиљо ја подели титулата со Атлетико Насионал, го повика претседателот на колумбискиот клуб на бината и заедно го подигнаа трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.