Голем пожар избувна во северозападниот јапонски град Итоигава. Огнот зафатил над 140 живеалишта и други објекти, јави ТАСС.
Локалната полиција извести дека од реонот се евакуирани околу 600 лица од 270 живеалишта.
Засега нема податоци за жртви, а две лица се во болница поради чадот предизвикан од пожарот.
Огнот избувнал во 10.30 часот по локално време од кинески ресторан и набрзина ги зафатил околните згради. Причината за пожарот сè уште е непозната. На местото се испратени 17 противпожарникарски возила, но работата на пожарникарите се отежнува поради силниот ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)