| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје ја откажа новогодишната прослава, средствата ќе ги донира за социјални цели

Градот Скопје денеска информира дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.

Одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот.

– Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top