| четврток, 6 декември 2018 |

Oд „Икеа“ изгубија нерви: Ве молиме престанете да го правите ова!

Мило ни е што луѓето се заинтересирани за „Икеа“ и сакаат да се забавуваат, но мора да престанат да го прават ова, велат од шведската компанија која деновиве мачи мака со тинејџерите.

Имено, откако двајца белгиски тинејџери, кои имаат канал на „Јутјуб“, се сокриле во една од продавниците на „Икеа“ и ноќта ја поминале таму, нивната мала авантура имала 1,7 милиони прегледи. Сега, компанијата има навала од тинејџери кои се кријат по продавниците за таму да ја поминат вечерта. Оваа година „Икеа“ регистрирала десет „неспонзорирани“ преноќувања во своите продавници низ светот.

Во последниот случај, вработените во Шведска фатиле две 14-годишни девојчиња кои се обиделе да се сокријат во продавницата. „Икеа“ одлучила да не ги тужи девојчињата поради нивната возраст, но не сите имале таква среќа.

Во октомври оваа година во продавница во Малме биле пронајдени две 15-годишни девојчиња кои се сокриле во плакарите и до утро не излегле бидејќи се плашеле дека ќе се активира алармот. Откако биле пронајдени, девојчињата биле пријавени во полиција.

– Мило ни е што луѓето се заинтересирани за „Икеа“ и сакаат да се забавуваат, но на прво место ни е сигурноста на купувачите и вработените, па затоа не дозволуваме преноќување во продавниците – изјави портпаролот на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top