| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн со сета своја сила и моќ удри по Лајпциг (видео)

baern-minhen

Лајпциг е најпријатното изненадување во Бундес-лигата оваа сезона, но, сепак, не е дораснат ривал за Баерн Минхен, иако подолг период беше лидер на табелата. Баварскиот тим славеше со 3-0 вечерва на „Алијанц арена“ и покажа дека е најквалитетниот состав во германскиот шампионат, па 2017 година ќе ја дочека од првото место со 39 бода, три повеќе од Лајпциг.

Тијаго го отвори резултатот, Чаби Алонсо во 25.минута зголеми на 2-0, а Лајпциг пет минути по ова остана и со играч помалку по исклучувањето на Форсберг.

Пред самиот крај на првиот дел Роберт Левандовски од пенал постигна трет гол за Баерн Минхен и тоа беше крај на сите дилеми на овој меч.

Херта со 2-0 го совлада Дармштад., додека Хофенхајм ремизираше 1-1 против Вердер.

Резултати Бундес лига:

Келн – Баер Леверкузен 1-1, Баерн Минхен – Лајпциг 3-0, Херта – Дармштад 2-0, Хофенхајм – Вердер 1-0, Инголштад – Фрајбург 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top