| четврток, 6 декември 2018 |

За наградите на ДПМ конкурираат 75 книги

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија, за најуспешни остварувања во 2016 година, досега пристигнаа 75 дела од 68 автори. Се очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември.

Пристигнатите дела конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“  за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Високите признанија на ДПМ ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод  јубилејот 70 години од основањето на македонската писателска асоцијација.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитески професори, критичари и есеисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top