| четврток, 6 декември 2018 |

Дали навистина бил верен на Ѓулен – нови детали за кариерата на специјалецот кој го уби рускиот амбасадор

%d1%83%d0%b1%d0%b8%d0%b5%d1%86
Иако официјална Анкара убиецот на рускиот амбасадор Андреј Карлов го поврзува со опозицискиот лидер во прогонство, Фетулах Ѓулен, уште постојат многу дупки кои тоа го прават сомнително.

Имено, постојат многу различни мислења за тоа кој е и за чии интереси 22-годишниот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ го убил од зад грб рускиот амбасадор во овој деликатен политички момент. Алтинташ е роден на 24. јуни 1994. година во југозападниот турски регион Ајдин кој излегува на Егејско море. Полициска академија завршил во Измир, а последните 2 и пол години бил припадник на специјалните сили кои се задолжени за “разбивање” и обезбедување на демонстрации. Како припадник на тие единици во осум наврати учествувал во заштитата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по неуспешниот државен удар во јули, пишуваат денес медиумите, ден пред погребот на амбасадорот Андреј Карлов, и комеморацијата на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

-Бил припадник на група која се грижела за безбедноста на претседателот, веднаш зад телесните чувари- пишува Абдулкадир Аселви, новинар близок до власта.
Единицата на Алтинташ неколку дена пред убиството била пратена на демонстрациите против руското учество во Сирија пред руската амбасада во Анкара.

Интересно е дека некои медиуми наведуваат дека Алтинташ за време на пучот против Реџеп Тајип Ердоган бил во Дијарбакир, но веднаш се вратил во Анкара за да го поддржи претседателот. Покрај тоа, Алтинташ по пукањето во Карлов ги извикувал паролите “Нема да го заборавиме Алепо” и “Сите кои ги извалкаа рацете со крв во тоа злосторство ќе бидат казнети”. Тие пораки повеќе наликуваат на сириски опозиционер, отколку на следбеник на Ѓулен, но извикал и “Алах Акбар” додека во десната рака држел пиштол и го насочил нагоре, што е заштитен знак на исламските радикали. Покрај тоа што извикувал дека сака да умре како маченик, по убиството на рускиот амбасадор, Алтинташ не се обидел ни да пука, ни да земе заложници, а немал намера ниту да побегне.

Откако атентаторот бил ликвидиран, уапсени биле неговите родители и сестра, но и неговиот цимер, исто така полицаец. Моментално не е познато на која организација припаѓал убиецот. Но, јасно е дека турските сили ќе настојуваат што е можно побрзо да достават докази дека властите не се поврзани со убиството.
Турција и Русија основале заедничко група за истрага на убиството, а 18 инспектори од Русија пристигнале во вторникот во Анкара за да учествуваат во истрагата.
Потсетуваме, пред својот поход, атентаторот изнајмил соба во хотел во непосредна близина на Центарот за современа уметност, каде го понеделникот вечерта на отворањето на изложба на фотографии го убил рускиот амбасадор. Следниот ден тој дошил до салонот со такси од анкарскиот кварт Кечиорен и проверувал дали може непречено да влезе во изложбениот простор како полицаец без да го мине детекторот за метал. Повторно дошол во салонот и на 19-ти декември, на денот на убиството.
Му платил на таксистот во готово, но не ја земал сметката. Претходно утрото купил нов костум, кој го носел во моментот на нападот. Во хотелската соба, којашто ја запечатила полицијата, пронајдени се ракописни записи со исламистичка и џихадитичка содржина, книги за терористичката мрежа Ал Каеда, Во неговиот дом, пак, биле пронајдени материјали и литература поврзани со движењето на имамот Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во егзил во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top