| четврток, 6 декември 2018 |

Поради поврзаност со Ѓулен отпуштени уште речиси 2.000 турски државни службеници

uapseni

Турското Министерство за образование денеска соопшти дека од работа биле отпуштени уште 1.980 државни службеници, вклучително и наставници, поради сомнеж за нивна поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, јави агенцијата ДПА.

По неуспешниот обид за воен преврат во јули годинава, за кој Анкара го обвинува Ѓулен, турските власти отупштија над 75.000 државни службеници и уапсија околу 40.000 лица, осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник, кој се наоѓа во доброволен егзил во САД.

Ѓулен, кој е поранешен близок соработник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, а сега е еден од неговите најголеми критичари, ги отфрла обвинувањата на Анкара дека стои зад обидот за преврат. Турција вчера дополнително го обвини Ѓулен дека го иницирал и убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов во понеделникот. Организациите за заштита на човековите права ја обвинуваат Турција за кршење на човековите права со масовните отпуштања од работа по неуспешниот пуч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top